Search

Браќата Кајмакоски – секој по својот пат: Даниел се врати во Македонија, Далибор е во Америка, а Филип остана во Австрија

Познато е дека пејачот Даниел Кајмакоски е победник на некогашното големо шоу “Фактор икс“ и дека потекнува од селото Мислешево близу Струга. И неговиот татко Павле е музичар, кој има настапувано на многу концерти и во Македонија, а често и пред нашите иселеници во Австрија во Виена каде живее со сопругата. Но и не со сите синови кои си замина, секој од нив по својот пат. За среќа браќата Даниел, Далибор и Филип постојаната комуникација ја одржуваат благодарејќи им на социјалните мрежи. – Ние доаѓаме од скромното струшко семејство. Нашите родители цел живот работат за да ни обезбедат пристоен живот, па ако можеле тие зошто да не можеме и ние да работиме?

Но, братот Далибор останува уште едно време во Австрија и има работено во компанија за транспорт во ланецот на познати маркети. Пред четири години, од Виена, тој се преселил во Индијана, САД. Далибор му е голема поддршка на Даниел, а тоа се гледа и по постот кога се роди Давид, синот на Даниел во 2017 година од неговиот брак со манекенката Кристина.

Најмалиот нивен брат Филип, кој е 13 години помлад од Даниел исто така многу си личи со своите браќа. Филип се уште живее во Виена со родителите,се занимава со музика исто како и неговиот брат Даниел…

Преземено од Вечер

 

 

Треба да знаете
Последни објави