Search

Во Франција досега потврдени над 2 милиона случаи на Ковид-19

Франција во вторникот го надмина прагот од два милиона потврдени случаи на Ковид-19 од почетокот на епидемијата, изјави шефот на Француската агенција за јавно здравје, Јером Саломон.

„Вториот бран е силен, смртоносен, вечерва го преминуваме прагот од два милиона случаи на Ковид-19, односно досега се потврдени 2.036.755 случаи“, рече Саломон на прес-конференција.

Тој додаде дека во понеделникот во Франција биле хоспитализирани 33.500 ковид-пациенти, но нагласил и дека заедничките напори почнале да даваат резултати и епидемијата се забавува.

За време на шпицот на епидемијата во пролетта, бројот на хоспитализирани ковид-пациенти во средината на април достигна врв со 32.292 пациенти, од кои 6.500 на респиратор.

„Притисокот врз болниците и натаму е силен“, порача Саломон, истакнувајќи дека 4.854 пациенти се на апарати за дишење.

Во болниците за 24 часа починале 437 пациенти, а од почетокот на епидемијата починале најмалку 46.273 лица, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави