Заев: Рашковски си поднесе оставка пред месец и пол дена, уште нема нов генерален секретар на Владата

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека генералниот секретар Драги Рашковски си поднел оставка уште пред месец и пол дена, но дека не му се прифаќа додека не биде пронајдена негова замена.

– Рашковски поднесе оставка пред месец и пол и ќе ја извршува функцијата додека не дојде нов генерален секретар. Ќе има нов генерален секретар но немаме донесено се уште одлука. Штом ќе ја донесеме, таа одлука ќе ја соопштиме, рече Заев.

Доскорешниот министер за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски се споменуваше како можна замена за Рашковски, но во меѓувреме тој пронајде ангажман во приватниот сектор.

Треба да знаете
Последни објави