Search

Ливерпул е 63 натпревари без пораз на домашен терен во Премиер лигата и го повтори својот рекорд

Актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул вечерва го победи Вест Хем со 2:1 во рамките на 7. коло во Премиер лигата.

„Црвените” немаат претрпено ниту еден пораз на последните 63 натпревари во првенството на „Енфилд”. Серијата трае од април 2017 година, кога Ливерпул загуби од Кристал Палас (1:2).

Избраниците на тренерот Јирген Клоп победија 52 пати, 11 натпревари одиграа нерешено.

Ливерпул го повтори клупскиот рекорд во серија домашни првенствени средби без пораз поставен во 1978-1980 година.

Рекордната низа во највисоката англиска дивизија му припаѓа на Челзи, кој имаше 86 без пораз на домашен терен во периодот 2004-2008 година. 

Треба да знаете
Последни објави