Search

Шекеринска: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој заеднички треба да ја испорача визијата каде сакаме да бидеме за четири или 10 години како држава. Без тоа не можеме да ја реализираме ниту една од нашите цели, а тоа се системска промена, која ќе биде одржлива.

Ова го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната онлајн дискусија организирана од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) на кој беше презентирана и студијата – бела книга „Ефективни министри: Како до резултати и доверба од граѓаните?”.

Според неа, најголемиот предизвик со кој се соочува секој министер е како да не дозволи институцијата да го стави на автопилот, бидејќи многу често постои опасност да ги заборавиме владините политики и да се претвориме во микроменаџер кој ќе се движи од точка до точка, но ништо суштински не менува.

– Дали успеваме да ја преведеме нашата визија во промени. Од дефинираните приоритети во четири точки успеавме три да реализираме. Станавме членка на НАТО, Армијата не само што се трансформира, туку станува подобро платена институција, подобро обезбедена и организирана структура, МО стана најтрансперантна инститруција со највисоки карактеристрики во однос на интегритет, посебно во делот на јавните набавки. Четвртиот приоритет кој не можам да кажам дека ухспешно го сработив е тоа е институцијата да стане помалку базирана на хартија и подецентрализирана. Ова е проблем со кој се соочуваат наголемиот дел од министрите, а под децентрализација мислам на распределба на голем број задоженија од министер на различни структури во администрацијата. И ова е најголемото зло, проблем со кој се соочуваат сите министри, а тоа е преголемата оптовареност со 1001 техничко прашање кое согласно закон припаѓаа во ингеренциите на министерот и постои една инерција да се дава отпор тие да се префрлат на оперативно ниво, оцени Шекеринска.

Според неа, првата најважна лекција која ја научила е дека мора да инвестираме во луѓе – и пари и време, оти секоја од политиките ќе крахира ако нема поддршка во рамките на администрацијаа во институциите и визијата не биде пренесена на вработените. Проблемот со администрацијата таа го лоцира не во политизација, партизација, туку во, како што вели во нејзината генерална клиентелизација.

– Навистина немам проблем ако некој кој бил член на друга политичка партија влегол во администрацијата. И тој е граѓанин, добил шанса, ако ја искористи тој е вреден член на администарцијата. Главниот проблем е што системот бил корумпиран во мерка во која луѓето ја добиле пораката дека ако се редовни клиентни не мора да работам ниту да се трудат, ниту да одат на работа, а ги обесхрабрува сите други се трудат и сакаат да работа. Ова е најголем поблем со кој се соочува секој министер, вели Шекеринска.

Според неа, во менаџирање на министерствата главната улога треба да ја имаат државните секретари, а не шефовите на кабинети кои треба да се поддршка на министерот за да ја врши својата работа. Клучна е вели Шекеренска и воведувањето култура на навременост, оти секое доцнење на министерот создава администрација која доцни и создава однос кон граѓаните во кој администрацијата доцни со денови.

– Наместо фокус на примопредавањето на министер со министер, треба полека да го воведуваме системот на транзициски тим, кој што секој мандатар кој практично има мнозинство треба да го формира и полека да го обезбеди тоа примопредавање. Таков транзициски тим имаат американските претседатели, порача  Шекеринска.

Со ставот околу улогата на државните секретари се согласи и министерот за економија Крешник Бектеши, кој нагласи дека улогата на министрите е да креираат политики, а нивниот кабинет да им помага во тоа.

За поранешниот министер за финансии, професор Трајко Славески учеството во работата на политичка партија, уште повеќе настап на избори како кандидат за пратеник и член на Парламентатот, а подоцна ако заминете во Владата ви дава серизен легитимитет и пред јавноста кај гласачите, а и пред своите колеги во Владата затоа што, вели ќе се судрите со разни конкурентски интереси, кои не секогаш водат кон една единствена цел.

Што се однесува до тимот со кој работат министрите, се согласува со Шекеринска дека функцијата државен секретар е многу поважна од функцијата шеф на кабинет. – Но, државниот секретар е клучна фигура и според законот за Влада е функција која раководи со администрацијата и која сите се надеваме дека барем во иднина ќе биде професионална, и нема да биде партизирана, клиентизирана, вели Славески.

На дискусијата и претходеше презентација на Бела книга која содржии препораки за министрите и функционерите при што меѓу другото, се сугерира да се воспостави систем на ефективно примопредање на функцијата, јавните политки што се креираат да се темелат на анализи и докази, а се укажува и на важноста на однесувањето на министрите согласно кодексот за етичко однесување како клуч за стекнување доверба кај јавноста, Утврдено е и дека секој министер треба да се запознае со 31 пропис за водење на Министерството.

Документот е изработен од тим од Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а се заснова на податоци добиени преку интервјуа спроведени во периодот од март до мај 2020 година, со 13 сегашни и поранешни министри во владите на Република Северна Македонија од 2006 година до денес (Анекс 1), секундарни податоци, опсервација на повеќе министри и нивните кабинети во рамките на поддршката на доброто управување во некои министерства кои ИРИ ги помагаше во периодот од 2017 до 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави