Search

Динамо помина на Пољуд

Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб потврди дека е неприкосновен на домашната сцена. Во 4. коло ја забележа и четвртата победа, овојпат на „жешкиот терен“ на „Пољуд“ во Сплит против вечниот ривал Хајдук со 1-2.

Динамо предводен од капитенот и македонски репрезентативец Аријан Адеми прикажаа добра игра. Ги искористија шансите и на крајот заслужено победи. Кастрати го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, а на самиот почеток од вториот дел Оршиќ зголеми на 0-2, решавајќи ги сите дилеми околу победникот.

Треба да знаете
Последни објави