Search

Серена Вилијамс со резултатски пресврт се проби до полуфиналето на ЈУ Опен

Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во полуфиналето на гренд-слем турнирот УС Опен, откако во четвртфиналето беше подобра од Бугарката Цветана Пиронкова совладувајќи ја 2:1 во сетови (4-6, 6-3 и 6-2).

Пиронкова го доби првиот сет со 6-4, по што на сцена настапи Вилијамс, благодарение на нејзината физичка подготвеност направи резултаски пресврт. Вилијамс го доби вториот сет со 6-3, а во решавачкиот трет сет беше уште поубедлива и без проблеми си обезбени место во полуфиналето. Американката ќе се обиде да дојде до својата 25. грен-слем титула во кариерата.

Треба да знаете
Последни објави