Search

Борис Џонсон најави масовно тестирање во Велика Британија

Британскиот премиер Борис Џонсон се заложи за масовно тестирање за коронавирус на граѓаните во Велика Британија со цел да им се овозможи на луѓето „да водат понормален живот” до следната пролет, а тој ги оцени напорите на владата кон таа цел како „голем чекор напред”.

Џонсон на прес-конференција рече дека сака побрзо и полесно тестирање низ Велика Британија, што според него ќе им овозможи повторно отворање на киносалите и театрите.

Британскиот премиер најави дека новата шема на масовно тестирање ќе започне следниот месец, прво на северот на Англија.

– Работиме и ќе работиме континуирано додека не ја постигнеме целта. Се надеваме дека до следната пролет, новата шема ќе биде спроведена низ целата земја, рече Џонсон.

Треба да знаете
Последни објави