Search

Шпанија е голем предизвик македонските надежи да ја прекинат непријатната традиција

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година попладнево (18.45 часот) во Скопје на арената „Тодор Проески“  ќе го продолжи квалификацискиот циклус во 6. група за ЕП со фаворизираната соосдветна селекција на Шпанија. На стартот од ова натпреаврување македонските надежи беа поразени од „црвената фурија“ (3:0), која во оваа конкуренција е и актуелен европски првак.

Со промената на системот за пласман на завршницата од ЕП не ни останува ништо друго освен да одиме на победа на секој меч и да собираме што е можно повеќе бодови. Момците покажаа дека имаат квалитет и да се спротистават на најдобрата репрезентација во Европа. Тоа ми дава за право да бидам оптимист. Секако дека има и што да поправиме, па на овој натпревар да бидеме во текот на целите 90 минути онака како што планираме, порачува Благоја Милевски, македонскиот селектор на тимот до 21 година.

И македонските фудбалски надежи иако имаат негативен биланс против апсолутниот фаворит во групата и кандидат за европската титула во оваа конкуренција се оптимисти. Ердон Даци, фудбалерот на турски Коњаспор верува во овој состав, а потајно се надева дека можат да приредат и изенадување.

-Во фудбалот нема нешто невозможно, да покажеме дека вредиме. Знаеме каков квалитет има Шпанија, се работи за селекција со извонреден квалитет, ама и ние имаме добри играчи. Верувам дека можеме да направиме нешто добро, затоа што и ние имаме добар тим и ги познавам нашите можности, порачува Даци.

Шпанија е фаворит и на денешната пресметка. Овој дуел за Македонија и Шпанија во конкуренција на тимови до 21 година ќе биде петти. Во изминатите четири пресметки македонските надежи немаат постигнато ниту гол. Младата селекција до 21 година на Шпанија има освоено пет европски круни (1986, 1998, 2011, 2013, 2019).

 

Треба да знаете
Последни објави