Мегваер исфрлен од англиската репрезентација

Хари Мегваер, најскапиот стопер на светот е исфрлен од репрезентацијата на Англија за претстојните натпревари против Исланд односно Данска. А до кога ќе биде вон националниот тим ќе одлучи селекторот Саутгејт.

За време на вчерашното сослушување Мегваер не се појави во судот, а таму биле неговиот татко Алан и братот Џо и Морли кој е еден од тројцата уапсени. Англискиот стопер е прогласен за виновен за физички напад, напад на полициски службеници и обид за давање на мито.

Правниот тим на Мегваер пренесоа приказна дека целиот метеж настанал кога двајца Албанци и пришле на Дејзи Мегваер, сестрата на Хари и после краток разговор со шприц и вбризгале дрога поради што Дејзи се онесвестила. А за тоа време Хари и другарите наводно купувале кебапи, но ја виделе случката и се стрчале кон споменатите Албанци, едниот го начекал и го тепал додека другиот избегал.

После тоа полицајци го запреле автобусот во кој бил Мегваер и неговата група, а фудбалерот одбивал да биде приведен, почнал да ги напаѓа полицајците и да вика: „Знаете ли кој сум јас, јас сум капитен на Манчестер Јунајтед. Богат сум, имам пари, кажете ја вашата цена“.

Одбраната на Мегваер тврди дека полицајците намерно го удирале фудбалерот по колена и му зборувале дека ќе му ја завршат кариерата. Претставникот на полицијата ги отфрли овие тврдења.

Стоперот доби условна затворска казна, но нема да оди зад решетки. Казната после жалба ќе биде преиначена во парична казна.

Треба да знаете
Последни објави