Search

Во Република Српска 71 нови случаи на Ковид-19 и еден починат

Во последните 24 часа, во Република Српска се регистрирани 71 случаи на коронавирус.
Направени се 442 тестови а констатирана е и една смрт.

Најзаразени се регистрирани во Бања Лука, десет. По нив следуваат Бијелина со девет, Зворник и Србац со седум и Градишка со шест случаи, пренесува rtrs.

Институтот за јавно здравје на  Република Српска изјави дека епидемиолошката состојба е сè уште неповолна.

Треба да знаете
Последни објави