Search

Совет на психолозите: Ако сакате да бидете посреќни наутро, практикувајте ги овие три навики навечер

Подготовката за добар ден не е само конзистентна утринска рутина, иако и тоа е важно. Важен е и начинот на кој ги поминуваме вечерите, што понекогаш го занемаруваме. Можеби ќе се изненадиме колку неколку мали вечерни навики можат значително да влијаат на нашата среќа наутро. Затоа, психолозите открија три навики кои треба да ги практикуваме навечер за да бидеме посреќни наутро.

1. Вечерна прошетка

„Одам на прошетка секоја вечер, бидејќи тоа ми помага да се расчисти и смири мојот ум“, изјави психологот и експерт за здравје Ли Чемберс за HuffPost.

2. Топла бања

Психологот Џастин Гросо е застапник на вечерното капење поради различните придобивки за физичкото и менталното здравје.

„Целосно потопување во вода, за разлика од туширањето, го подигнува расположението на луѓето со депресија, го подобрува сонот кај луѓето со несоница и има позитивни ефекти врз кардиоваскуларниот систем“, објасни таа.

3. Вежбање благодарност

„Ако поминете неколку минути размислувајќи за луѓето што ги цените и за работите за кои сте благодарни како дел од вашата рутина пред спиење, ќе бидете помалку под стрес и ќе спиете мирно“,советува когнитивниот научник и професор по психологија Лори Сантос.

Треба да знаете
Последни објави