Search

Шишенце вода во Цирих чини четири ипол евра

„Светот на статистиката“ на својот Твитер профил објави листа на најскапите шишиња со вода во светот. Списокот се базира на цената на шише вода од 330 милилитри во локалните ресторани.

Најскапата вода ќе ја платите во ресторан во Швајцарија. Податоците покажуваат дека шише вода во ресторан во Цирих чини 4,5 евра, додека нешто поевтино е во Женева, каде чини 3,8 евра.

Шише вода во ресторан во Луксембург е 3,10 евра, додека во Париз е 2,77 евра. Цената е иста во Копенхаген.

Најевтиното ресторанско шише вода во светот е во Каиро, каде што ќе платите околу 10 центи.

Треба да знаете
Последни објави