(Фото) Карамбол во Чаир кај „Веро“

Неколку возила се судриле попладнево во Чаир, дознава 24 Инфо.

Сообраќајната несреќа се случила на крстосницата од улицата Џон Кенеди со булеварот Христијан Тодоровски Карпош кај „Веро“.

Во судирот учествувавале три возила, меѓу кои и такси-возило. Нема информации за евентуално повредени лица.

Во моментов полицијата врши увид на местото на сообраќајката.

 

Треба да знаете
Последни објави