Километарски колони за тестирање во Белград по одлуката на Црна Гора да ги отвори границите

Со недели наназад пред срскиот Институтот „Торлак“ на Вождовaц од четири часот започнуваат да се формираат километарски редови од луѓе кои доаѓаат да се тестираат за коронавирус.

Image

Од денеска, гужвата е уште поголема во Белград по одлуката на Црна Гора да ги отвори границите за српските туристи под услов да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или позитивен серолошки тест како доказ дека прележале Ковид-19 и имаат антитела.

На „Торлак“ нема закажување, а резултатите речиси по правило се добиваат во рок од 24 часа, поради тоа што на тестирање не доаѓаат само жителите на Белград, туку и од останатите делови на Србија, но и од соседните земји.

Цената на тестот за српските граѓани изнесува 6.000 динари.

Треба да знаете
Последни објави