Тракторист од Македонија загина во Италија

Македонскиот државјанин Ајрум Амати (53) загина во тракторска несреќа во местото Рокалвече, во провинцијата Сиена во Италија.

Трагедијата се случила во петокот во шума во близина на Рокалвече. Заедно со Амати бил и неговиот син, со кого заедно ја расчистувале шумата со тракторот.

Машината, од засега непознати причини се превртила на левата страна и го поклопила возачот кој починал на самото место. На местото на несреќата дошла спасувачка екипа, како и медицински тип со хеликоптер, заедно со пожарникари, но не моѓеле ништо да сторат.

Треба да знаете
Последни објави