Во Аеродром приведена жена која на гласање дошла со маска со партиски симбол

Околу 13: 15 часот на гласачко место бр.„2695“ во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција, бидејќи лице влегло на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакало да ја смени. При доаѓање на полициски службеници лицето веднаш ја сменило маската и му било овозможено да гласа, а од страна на полициските службеници е утврдено дека се работи за Е.Т.(37) од Скопје.

Лицето потоа почнало на висок тон да се расправа со полициските службеници по што и била дадена наредба да престане и излезе надвор од училиштето за да не го нарушува јавниот ред и мир за време на гласањето, при што истата одбила и продолжила да го нарушува јавниот ред и мир.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесен записник за констатиран прекршок по чл.4„ Нарушен ЈРМ со карање, викање, дрско и непристојно однесување“ и чл.14„ Нарушување на ЈРМ со непочитување на наредба од УПС“ од ЗППЈРМ.

Треба да знаете
Последни објави