Убиената сопругата ја завиткал во најлони и во ќебе, па ја фрлил во депонијата со остатоци на животни

Единицата за насилен криминал на СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против И.Е.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.

Според полицијата, убиството се случило на 03.08.2019 во куќа на улицата Гарибалди во населба Шуто Оризари, во која живеел во вонбрачна заедница со Х.Б.(33) од Скопје. Поради меѓусебно недоразбирање, пријавениот физички ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата, по што Х.Б. починала на местото. После тоа, пријавениот И.Е. го завиткал телото во најлонски вреќи и ќебе и го оставил во атарот на село Горно Оризари, скопско, покрај патот кој води од населбата Шуто Оризари кон селото. Телото било пронајдено два дена подоцна на дива депонијата каде се фрлале остатоци од животни.

Јавниот обвинител  од Основното јавно обвинителсто Скопје, со поведување на истражната постапка до Судот вчера поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице,  поради постоење на опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци.

Фото: Телма

Треба да знаете
Последни објави