Ибрахимовиќ ќе конкурира за место во тимот на Милан за дуелот со СПАЛ

Искусниот шведски интернационалец Златан Ибрахимовиќ се враќа во конкуренција за составот на  тимот на Милан за претстојниот натпревар против СПАЛ 2013, откако се опорави од повредата. Средбата се игра вечерва со почеток од  21:45 часот.

Швеѓанецот не играл откако се рестартираше италјанското фудбалско првенството, но започна со тренинзи со екипата на крајот на минатата недела.

Златан дури може да започне од првата минута од натпреварот, навести главниот тренер на „росонерите” Стефано Пиоли.

Сепак, дефанзивецот Лео Дуарте, кој има проблеми со бутот, останува надвор од групата играчи кои ќе конкурирата за тимот на Милан.

Треба да знаете
Последни објави