Search

Ѓоковиќ доби дрес од мајката на Дражен Петровиќ (ВИДЕО)

ајдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Задар, каде ќе се игра хуманитарниот турнир „Адриа Тур“.

Ѓоковиќ присуството во Задар не можеше да не го искористи да се сретне со мајката на еден од најдобрите кошаркари на овие простори, Дражен Петровиќ.

Првиот тенисер во светот ја поздрави мајката на прерано починатиот кошаркарски „Моцарт“, па тие при емотивната средба разменија подароци.

Ѓоковиќ од неа доби дрес на Дражен, додека тој на Бисерка и подари тениски рекет.

„Ова е многу емотивен момент. Ви благодарам госпоѓо Петровиќ што ни покажавте голема чест и задоволство. Ви благодарам на прекрасните подароци, ќе ги чувам на посебно место во својот дом. Дражен е легенда на целиот регион. Тој е почитувам и во Америка и секаде низ светот“, истакна Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави