Search

Експлозивни направи го затвориле за сообраќај мостот на Бегеј

Повеќе неексполдирани направи пронајдени се во реонот околу мостот на Бегеј на патот од Зрењанин кон Бело Блато поради што на овој потег запрен е целосно сообраќајот во двата правци. Според РТС  станува збор за убиствени направи, најверојатно тромблонски мини.

Силни полициски сили го имаат блокирано реонот околу мостот. Се чекаат стручни екипи да пристигнат од Белград на местото на настанот да ги прегледаат експлозивните направи и да дадат напатствија како истите да се одстранат.

Според неофицијални информации постои можност некои од риболовците кои се собирата за да ловат риба случајно ја има испуштено торбата  со експлозивните направи на мостот. Ваков начин на ловење риба со експлозив е забранет во Србија.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави