Search

Сајмон Кауел призна дека веќе три години не користи мобилен телефон

Судијата на британскиот и американскиот „Суперталент“, Сајмон Кауел, изненади многумина откривајќи дека веќе три години не користи мобилен телефон.

Тој објасни дека едно утро, кога видел колку пораки добил, едноставно го исклучил и оттогаш не го вклучил мобилниот телефон.

„Се разбудив едно утро и имав 52 непрочитани пораки. Си помислив дека дури и да одговорам на секоја од нив, истиот ден ќе добијам уште“, рече Кауел за ЕТ.

„И сфатив дека тоа, всушност, ме спречува да работам и да живеам нормално, затоа го исклучив и помина еден месец, три месеци, потоа една година, потоа две години, а потоа три години. И уживам“, продолжи тој.

„Дури и ако го ограничите времето на телефон, не сакате тоа да ви го води животот“, вели тој додавајќи дека сфатил оти луѓето помалку се дружат затоа што на телефоните пишуваат и за време на вечера или состанок.

Иако нема мобилен, Кауел разговара со своите најблиски преку „Зум“.

Треба да знаете
Последни објави