Search

Нова ерупција на вулканот Руанг во Индонезија: Прогласено највисоко ниво на тревога

Во Индонезија дојде до ерупција на вулканот Руанг на островот Сулавеси, поради што Центарот за вулканологија и проценка на геолошки ризик прогласи највисоко, четврто ниво на тревога.
Жителите на островот Сулавеси се повикани да не се приближуваат до вулканот, јавуваат агенциите.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како лава се излева по вулканот, кој се наоѓа на околу 100 километри од градот Манадо.

Вулканот Руанг последен пат еруптираше на 19 април, кога властите наредија евакуација на повеќе од 11.000 луѓе.

Индонезија, архипелаг каде живеат околу 270 милиони луѓе, има 120 активни вулкани, а се наоѓа во т.н. „Пацифичкиот огнен прстен“, област каде што се судираат повеќе тектонски плочи, предизвикувајќи зголемена сеизмичка активност.

Треба да знаете
Последни објави