Search

Прво официјално појавување на Кралот Чарлс по дијагнозата: Не можеше да ја тргне насмевката

Како што беше најавено, британскиот крал Чарлс Трети денеска го имаше своето прво официјално појавување со сопругата, кралицата Камила.

Откако му беше дијагностициран рак, поради што се лекуваше и ги остави настрана сите кралски должности на некое време, Чарлс сега се враќа на работа.

За својот прв ангажман избрал да посети британски центар за лекување на болни од рак, чиј покровител стана.

Тој и Камила се сретнале со персоналот, но и со бројни пациенти, со кои, кралот ја дели истата судбина.

Треба да знаете
Последни објави