Луѓето на Филипините кои се во засолниште поради тајфун, ги тераат да држат дистанца

Тајфунот „Вонгфон“, кој ги погоди Филипините, создаде голем број проблеми за граѓаните среде епидемијата на коронавирус. Откако илјадници луѓе иселени од своите домови биле сместени во прифатните центри, властите барале од нив да држат социјална дистанца.

Неколку десетици илјади луѓе побарале засолниште во едно од пренатрупаните прифатилишта. Кога пристигнале, влажни и исцрпени, чуварите почнале да ги малтретираат затоа што морале да се придржуваат на социјална дистанца.

Кога сфатиле дека тоа е невозможно, тие решиле да го преполоват капацитетот на прифатилиштето, за да направат простор. Сепак, локалните медиуми јавуваат дека се загрозени повеќе од 200.000 луѓе и дека постои голем проблем со сместувањето на загрозените лица.

Пријавени се околу 12.000 случаи на коронавирус на Филипините, а скоро 800 луѓе починале.

Треба да знаете
Последни објави