Search

Од понеделник предвидено отворање на плажите во Венеција и Лигурија

Неколку италијански региони планираат наскоро да ги отворат плажите за посетители.

Меѓу нив е Емилија-Ромања, регион во северна Италија, што има намера да ги отвори баровите, рестораните и салоните за убавина уште во понеделник.

Венеција и Лигурија исто така сакаат да ги отворат плажите од понеделник, пишува ДВ.

Сепак, туристите на плажа ќе треба да се придржуваат кон строгите регулативи и мерки на социјално растојание. Италијанските здравствени власти пропишаа дека чадорите треба да бидат распоредени на 5 метри оддалеченост и дека мерката за социјална оддалеченост мора да ја почитуваат туристите дури и во море.

Италија е меѓу земјите со најголем број на заразени и смртни случаи од ковид-19 во светот. Досега се пријавени скоро 220.000 случаи на заразени во земјата, а повеќе од 30.000 луѓе починале.

Треба да знаете
Последни објави