Грција учествува во акцијата за пронаоѓање и спасување на паднатиот хеликоптер на НАТО

Хеликоптер S –70B AEGEAN HAWK на грчката воена морнарица со четиричлен екипаж и еден спасувач, од рано утрово учествува во акцијата за потрaга и спасување што се води западно од островот Кефалониjа, но во воздушниот простор на Италија, по падот на канадскиот хеликоптер, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Генералштабот на грчката армија, учеството на Грција е по барање на италијанските власти, а со наредба на началникот на Генералштабот и одобрување од министерот за одбрана на Грција.

Во попладневните часови, во акцијата ќе учествува и авион C-130 на военото воздухопловство на Грција.

Грчките медиуми, повикувајќи се на свои извори објавија дека е пронајдено телото на еден од шесттемина членови на екипажот од хеликоптерот што синоќа, од засега непознати причини, се урна во Јонското море меѓу Италија и Грција, но во италијанскиот воздушен простор.

Треба да знаете
Последни објави