ЕУ ќе воведе туристички „корона пасош“ за движење во сите земји членки

Министрите за туризам во земјите членки на Европската унија преку видео-конфернециска врска се договориле за изработка заеднички документ кој би важел за патување во сите земји во унијата. Темата на дискусија била состојбата во европскиот туризам, влијанието и мерките за пристигнување на туристи во земјите. Хрватскиот министер  за туризам Гари Капел, за документот кој е наречен „корона пасош“ изјави дека се однесува на здравствениот, односно безбедносниот дел од протоколот за патување.

Според хрватскиот министер е договорен заеднички план за излегување од кризата, без разлика на поединечните состојби во земјите членки на унијата.

-Туризмот чини 10 до 11 одсто од БДП на Европската унија и има ангажирано 12 одсто од вкупниот број на вработени.Тој е значајна алка за спасување на националните економии – изјави Капел, наведувајќи ги како пример Хрватска, Италија, Шпанија и Грција.

На прашање дали е можно да се воведе сообраќаен коридор за туристите, хрватскиот министер највил дека на таа тема ќе се дискутира и дека ќе се договри до крајот на месец мај, ако не на заедничкиот дел тогаш на билатерално ниво со доволен број на засега заинтересирани земји.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави