Search

Јувентус им даде рок на Роналдо и соиграчите да се вратат во Италија до крајот на неделава

Раководството на италјанскиот фудбалски првак Јувентус му даде можност на Кристијано Роналдо и на другите странци во составот надвор од Италија да се вратат во Торино до недела, 19 април, пренесува „Ла Република”.

Од понеделник, играчите мора да бидат изолирани две недели, како што бараат италијанските власти. Италијанските тимови се надеваат дека ќе започнат со тренинзи на почетокот на мај со ригорозни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, со тоа што фудбалската федерација на земјата подготвува медицински протокол со барања за играчи.

Покрај Роналдо, во последните недели има уште три „легионери” на Јувентус надвор од Италија – Даглас Коста, Миралем Пјаниќ и Сами Кедира.

Треба да знаете
Последни објави