Search

Закажано судењето на насилниците кои тепаа девојка во Штип

За по Велгиденските празници пред судот ќе бидат изведени двајцата штипјани што претепаа 21-годишна девојка и тоа го снимија на видео што го виде целата македонска јавност. Основното јавно обвинителство од Штип ја заврши истрагата, поднесено е обвинение и закажано е судењето во Основниот суд во Штип.

23-годишниот П.Р. и 26-годишниот С.А., и двајцата од Штип, се обвинети за делото „Насилство“. За ова дело во Кривичниот закон, според Обвинителството, е предвидена казна затвор во траење од шест месеци до пет години. Во текот на истрагата не е утврдено дека се работи за „Семејно насилство“, дело за кое казната е поголема, бидејќи девојката не била во партнерски однос ниту со едниот ниту со другиот.

Треба да знаете
Последни објави