Search

Mбапе тестиран за коронавирус

– Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе е тестиран за коронавирус. Според „TФ1″, резултатот е негативен.

Два дена стрелецот се жали на настинка, има болки во грлото и не тренираше. Според „Екип”, симптомите на Мбапе не биле како за носител на КОВИД-19, но во секој случај, лекарите одлучиле да проверат.

Многу е веројатно дека светскиот шампион нема да учествува во реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд во среда од 21 часот.

Треба да знаете
Последни објави