Search

Во Србија евидентиран петиот случај на Ковид 19

– Во Србија е регистриран петиот случај на коронавирус, соопштија на сајтот Covid19.rs. на Министерството за здравство.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, до 18 часот денес регистрирани се вкупно пет потврдени случаи на коронавирус.

Странски државјани кои денес слетаа во Ниш со авион од Бергамо беа вратени во Италија во согласност со мерките донесени од српската Влада, а српските државјани беа ставени под домашен надзор. Според „Аеродроми Србија”, на летот имало 29 патници, од кои 10 странски државјани.

„Претставници на Министерството за здравство ја презедоа грижата за пристигнатите патници, државјани на Србија, веднаш штом излегоа од авионот”, се наведува во соопштението од „Аеродроми Србија”.

Јавното претпријатие „Аеродроми Србија” објави дека од денесКА се суспендирани сите летови од нишкиот аеродром кон Италија и Швајцарија и обратно, врз основа на одлуката на Владата на Република Србија за коронавирусот. „Ер Србија” вчера соопшти дека повеќето летови кон Италија од белградскиот и нишкиот аеродром се суспендирани.

Владата на Србија на денешната седница одлучи да воведе привремена забрана за влез во Србија за странски државјани кои доаѓаат од области со интензивно присуство на коронавирус. Ова се однесува на лица кои престојувале во Италија, одредени провинции на Република Кина, Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија, се наведува во соопштението на српската Влада.

До 10 март 2020 година, во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак тестирани се вкупно 117 лица кои ги исполнија критериумите за дефинирање на случајот.

Првиот заразен случај во Србија е регистриран на 6 март, а вирусот е пронајден кај маж од Бачка Топола, кој се има заразено во Италија и тој е сместен во Клиничкиот центар на Војводина.

Втор случај беше забележан во понеделникот попладне кај кинески државјанин кој живее и работи во Србија.

Вчера беа забележани уште два случаи, кај две жени од Белград, кои имале контакт со странска државјанка која била на посета кај нив.

Во Бачка Топола седум медицински лица, една докторка, техничар, три медицински сестри и двајца лаборанти се во изолација заради контакт со заразеното лице.

Се уште е на сила соопштението на Министерството за надворешни работи од 24 февруари во кое се повикуваат српските државјани да не патуваат во Италија, Јужна Кореа, Иран, делови на Кина и во други земји кои преставуваат жаришта на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави