Рама побара од верските старешини да се избегнуваат големи собири

– По појавата на коронавирусот во Албанија, премиерот Еди Рама доцна попладнево се сретна со старешините на верските заедници во земјата, од кои побарал да се избегнуваат големи верски собири.

За време на разговорот, Рама цитирал зборови на Пророкот Мухамед кој рекол „Не оди каде што е епидемијата, но ако епидемијата дојде таму каде што си, не се движи”.

Посочил дека мора да се избегнуваат некои навики, како што се прегрнување на верниците, ракување, бакнување рака на свештено лице и да се почитува препораката верниците да стојат подалеку едни од други за време на молитвата.

Рама уште еднаш рекол дека нема простор за страв, туку дека треба да се биде претпазлив.

Побарал од старешните да им дистрибуираат информативни и теренски пораки на верниците за да го избегнат ризикот од коронавирус.

По потврдата за двајца заразени од коронавирус во земјата, Владата донесе одлука за прекин на наставата во сите училишта и градинки во следните две недели, а до 3 април прекинат е авионскиот и поморскиот сообраќај кон северниот дел на Италија.

Забрана има и за одржување на јавни собири, спортски натпревари, концерти.

Инфективната клиника во Тирана, каде се лекуваат првите заразени од коронавирусот, е блокирана, со поставување метална ограда и лента околу клиниката.

Треба да знаете
Последни објави