Search

Милошоски одговори на „бомбите“: З.З., ќе Ве отворам како пупка! Се слушаме наскоро #ТикТак

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил ги коментираше последните „бомби“ поврзани со неговите разговори со поранениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангелеовски, а кои денеска беа објавени на канал на Јутјуб.

Според Милошоски, снимките се поврзани со лицето З.З кое нелегално поседувал копии од снимките кои ги предал во СЈО и тврди дека не поседува копии од истите.

-Почитувани новинари, вечерва беа објавени 5 од 6 мои снимки, нелегално направени од УБК во 2011 година, во времето на Мијалков. Дозволете да Ве известам дека го знам лицето кое нелегално ги поседува копиите од сите снимки од СЈО, лично ја координира селекцијата и ја нарачува нивната објава. Тоа е лицето З.З., оној кој лажно тврдеше дека ги предал сите снимки на СЈО и дека не поседува копии од истите. Господине З.З., со објавата на овие снимки докажавте дека без истите Вие не сте можеле да уценувате пратеници, да рекетирате стопанственици, да заплашувате сопственици на медиуми, и да бидете и обвинител, и премиер, и судија истовремено.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3118286248190820

Изгледа силно Ве здоболе објавата на двата материјали за вашите незаконитости, кои ми беа доставени од укажувач. И во право сте, допрва ќе ве боли. Како дојдовте, така ќе си одите!
Укажувачите ќе стануваат се побројни и се посмели, а јас уште помотивиран и во служба на јавниот интерес. Ќе Ве отворам како пупка! Се слушаме наскоро #ТикТак, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави