Стариџ го раскина догворот со Трабзонспор

Поранешниот напаѓач на англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул, Даниел Стариџ е слободен играч откако го раскина договорот со турскиот Трабзонспор. Искусниот 30-годишен Англичанец постигна седум гола и забележа четири асистенции на 16 натпревари одиграни за турскиот тим, во кој пристигна во летниот преоден рок, откако беше ослободен од Ливерпул.

Договорот на Стариџ со Трабзонспор беше со важност до 31 мај 2021 година, но клубот официјално потврди дека договорот е раскинат само осум месеци откако беше потпишан и напаѓачот беше ослободен од своите должности.

Поранешниот играч на Ливерпул веројатно ќе ја продолжи кариерата во Соединетите држави.

Треба да знаете
Последни објави