„Дрегзит“: Мапа на Косово повикува на одвојување на две општини

На социјалните мрежи кружи монтирана фотографија која алудира на тоа дека Дреничката долина ќе се „отцепи“ од Косово исто како што Велика Британија излезе од ЕУ, пренесува „Спутник“.

На фотографијата преземена од mitrovicasot.net е прикажана карта на Косово, но на местото на Дреница, односно општините Глоговац и Србица што ја сочинуваат Дреничката долина, оставена е дупка во картата.

Под картата напишан е хаштагот „дрегзит“, кој алудира на излегувањето на Велика Британија од ЕУ (Брегзит), но нема објаснување дали станува збор за тоа дека овој крај по изборот на Албин Курти за премиер ќе се обиде да се отцепи од Косово.

Имено, Курти и неговото движење Самоопределување се многу непопуларни во Дреница. Колкав е анимозитетот на Дреничани кон Курти говори и тоа што пратениците на опозицијата на седницата на која Курти беше избран за премиер забележале дека во новата влада нема ниту еден дреничанин.

Треба да знаете
Последни објави