Ставревски на „Топ тема“: Порнографската група „Јавна соба“ ја имало и на Инстаграм и на Вибер

По допрен глас дознавме за сето она што се случувало во групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, истакна началникот на СВР-Скопје, Ристо Ставревски, во дебатната емисија „Топ тема“ на Телма.

– Она што можам да го кажам во моментов е дека досега имаме само едно оштетено малолетно лице кое заедно со своите родители поднесе пријава во полициска станица. Инаку, новинарката Мери Јордановска прва ме исконтактира за да ми каже за порнографската група на Телеграм, а потоа забележавме дека таму повеќе лица се водат како администратори. Двајца од нив веќе имаме обезбедено, а и двајцата се возрасни лица – рече Ставревски.

Тој откри дека истата таа група била активна и на Инстаграм, но дека оттаму ја блокирале.

– Најпрво започнале на Инстаграм, но таму биле блокирани. Потоа се преселиле на Вибер, каде што исто така се соочиле со блокада, а на крајот успеале да се задржат на Телеграм, каде што критериумите не се толку високи. Ние се обративме до меѓународниот сервис-провајдер и баравме да биде блокирана групата, но оттаму не добивме никаков одговор – истакна Ставревски.

Треба да знаете
Последни објави