Search

Еколошко греење во Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Почетокот на второто полугодие во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ го одбележа новиот еколошки систем на греење, кој веќе е поставен во училиштето, наместо досегашното греење со парен котел на дрва. Оваа инвестиција, во вредност од пет милиони денари, беше промовирана од страна на заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, и градоначалничката Наташа Петровска, откако Општина Битола го посочи училиштето како проект во кој е потребно да се воведе ваков систем на греење.

„Ова е со еколошка инвестиција за чист воздух во ОУ ‘Кирил и Методиј’, каде се целосно се промени начинот на греење. Наместо огромната количина на дрва, односно околу 130 кубни метри во текот на една грејна сезона, која зафаќала половина школски двор, а тука е и пепелта која е штетна, но и чадот, од денес ќе имаме еколошки инвертори кои нема да загадуваат. Ова е добро и за децата и за околината, бидејќи емисиите од чад се ширеа и кон соседните згради и објекти“, рече Макрадули.

Треба да знаете
Последни објави