Валверде разочаран од раководството на Барса

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде е разочаран што клубот не разговарал со него за ситуацијата во тимот, туку почнал да бара негова замена во лицето на Чави, кој во моментов е ментор на катарски Ал Сад, пишува Sport.es .

Педесет и пет годишниот стратег бил бесен што ги дознал сите информации за разговорите на Каталонците со Чави од печатот, а клупското раководство никогаш не разговарало со него за тоа прашање.

Претседателот на клубот, Пеп Бартомеу, планира да се сретне со менторот во наредните денови, но досега никој од управата не разговарал со него за изгледите, ниту пак разговарал со него за состојбата во целина.

Одлуката за именување на Чави се очекува да биде донесена в понеделник.

Треба да знаете
Последни објави