Алаѓозовски: Го враќаме достоинството на културните работници и ги ставаме во центарот на вниманието

СДСМ со политиките во културата е на правиот пат, тој пат не носи кон Европската унија и европските вредности, порача претседателот на комисијата за култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски на трибината Агенда Култура 20-24.
Го враќаме достоинството на нашите културни работници, го вреднуваме нашето културно наследство и она што го имаме, но уште повеќе ги вреднуваме уметниците и сите дејци во културата кои ни носат европски и светски престиж и токму нив ги ставаме во центарот на вниманието.
Продолжуваме заедно со граѓаните, заедно со културните работници да ги креираме насоките за развој и унапредување на културата, заклучи Алаѓозовски.

 

Треба да знаете
Последни објави