Ѓоковиќ го победи Надал, дуелот во двојки ќе решава за шампионот на АТП Купот

Првиот светски тениски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ забележа нова победа над  лутиот ривал Шпанецот Рафаел Надал, со 6: 2, 7: 6 (4)  во вториот меч од финалето на АТП Купот.

Србија го израмни резултатот на 1:1 против Шпанија и дуелот во двојки ќе решава за шампионот. Претходно Роберто Баутиска Агут го совлада Душан Лајовиќ со 6:1, 7:5.

Ѓоковиќ ја запиша својата седма победа по ред над Надал на тврди терени. Неговиот последен пораз светскиот број 1 на оваа подлога беше во финалето на УС Опен 2013.

Минатата година Новак ја освои седмата титула на Австралија опен, а во битката за трофејот го нанесе единствениот пораз на Рафа во три сета во финале на Гренд Слем турнир.

Треба да знаете
Последни објави