Филип Завадлав е момчето кое ја потресе Хрватска со трикратното убиство во Сплит

Осомниченито за трикратнот убиство со рафална стрелба  од „калашников“  кој ја потресе Хрватска е Филип Завадлав (25 г.) од Сплит. Тој работел на брод од каде се вратил пред нецела година. Тој по убиството кое го извршил вчера е приведен и оденсен во полициската станица во Сплит каде ја минува истражната постапка. Во меѓувреме денеска истражните органи го префрлиле во КБЦ Сплит на прегелди каде дежурен психијатар ќе треба да се произнесе за неговата ментална состојба, пренесува Слободна Далмација.

По овој преглед ќе биде одведен во Жупаниското државно обвинителство каде ќе треба да даде одбрана на обвинението како осомничен за убиството на Јурица Торлак, Марин Пајиќ и Марин Бобан. Обвинителот и полициските службеници излегле на терен и направиле увид на две локации каде се убиени трите лица. На првата локација на мотоцикл Сузуки застрелан е Пајиќ, а на плоштадот во градот на Јамаха смртно се погодени Торлак и Бобан. Од истрелите Бобан починал на лице место, а Торлак со тешки прострелни рани бил префрлен во болница каде им подлегнал на повредите.

За сите тројца во сплитската чаршија се наведува дека биле дилери на дрога. Тие го малтретирале Завадлав поради наводен долг на неговиот брат, пишуваат хрватските медиуми и додаваат дека  убиецот имал на списокот за отстрел уште еден дилер, но него не го нашол дома.Убиствата се случиле вчера околу 15.35 часот во самиот центар на Сплит. Додека си заминувал од местото каде ладнокрвно ги убил жртвите убиецот бил снимен со мобилен од минувачите. Набрзо почнала потера по убиецот, а граѓаните биле советувани да не излегуваат од домовите. Според познаниците на Завадлав, убиецот во април лани се вратил од работа на брод каде поминал 14 месеци. Живеел уреден живот, бил  спортист со освоени многу медали во таеквондо. Кога се вратил од бродот, тројцата убиени му доаѓале дома за да му се заканат на наводните долгови на неговиот брат. Во септември му се заканиле и со нож. По злосторството кое го извршил со својот брат седнал во едно кафуле, како ништо да не се случило и мирно и се предал на полицијата.

 

Треба да знаете
Последни објави