Search

Австрија во финишот ја победи Украина

Австрија со 34:30 ја победи Украина и ја слави втората победа на Европското првенство. Украина одлично се носеше со посилната Австрија, резултатот беше израмнет се до последните минути од натпреварот.

Во првото полувреме и двете селекции се менуваа во водство, на одморот Австрија замина со еден гол предност 18:17. Неизвесно беше и во второто полувреме, Украина, најчесто водеше Австрија, но гостите често израмнуваат, а еднаш и поведоа со еден гол разлика. Беше 29:29 од кога почна пресудната серија на Австријците од 5:1 за конечни 34:30.
Билик повторно блескаше во составот на Австрија, постигна десет голови, Вебер постигна осум, Божовиќ седум голови. Кај Украина Козакевич и Жуков постигнаа по шест голови.

Во вторник со почеток од 18:15 часот Австрија игра против Македонија, ние имаме императив победа и тоа со повеќе од два гола разлика.Сега Австрија е најблиску до втора фаза, а Украина уште има шанси, но ако убедливо ја совлада Чешка во вторник, а Македонија загуби од Австрија.

Треба да знаете
Последни објави