Search

Димитријевиќ пред потпис со Олимпија Милано

Македонскиот кошаркарски интернационалец Ненад Димитријевиќ се поизвесно е дека си заминува од редовите на рускиот Уникс Казањ. Неговиот следен клуб би требало да биде италијанскиот Олимпија Милано со кого Димитријевиќ ги договорил сите детали за преселба и ставање потпис на догвор до 2026 година. Олимпија Милано зад себе има разочарувачка сезона во Евролигата, каде не избори место во плеј-офот. Тоа за италјанскиот тим беше сигнал за рконструкција на тимот, каде не листата посакувани играчи се најде и Димитријевиќ. Македонскиот репрезентативец мина две одлични сезони во тимот на Уникс. Минатата сезона го предводеше овој тим до титулата во ВТБ лигата каде што го освои и МВП признанието во финалната серија против Локомотива. И сезонава игра запазена улога, урна низа рекорди и беше прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната.

Треба да знаете
Последни објави