Полициската управа во Подгорица соопшти дека не е точно оти во претседателската вила „Горица” одекнала експлозија, како што претходно објавија медиумите.
– Станува збор за помал електричен дефект, кој брзо е отстранет. Експлозија немаше како што пренесоа некои медиуми со цел да се создаде паника, наведува полицијата.
Вилата „Горица”, која црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и Владата ја користат за прием на високи странски гости и делегации.