Search

Рохани му ветил на Трудо дека ќе продолжи истрагата за соборувањето на патничкиот авион

Иранскиот претседател Хасан Рохани се заложил денеска во телефонски разговор со канадскиот премиер, Џастин Трудо, за понатамошно испитување на соборувањето на украинскиот патнички авион во кој загинаа 176 патници и членови на екипажот, јави државната иранска новинска агенција „Ирна“.

„Секоја форма на меѓународна соработка во рамките на меѓународното право, е добредојдена за Иран со цел да се осветли настанот“, рече Рохани.

Трудо истакна дека признавањето на Техеран дека иранската војска по грешка го соборила авионот е важен чекор и рече дека се договорил со Рохани,  канадски експерти да работат со иранските колеги за декодирање на црните кутии.

Тој го опиша соборувањето на авионот како страшен чин за кој Иран мора да преземе целосна одговорност, вклучително и компензација за семејствата на загинатите.

Во украинскиот авион соборен од Техеран загинаа 63 канадски државјани.

Иран и Канада ги прекинаа дипломатските врски во 2012 година.

Треба да знаете
Последни објави