Search

Најмалку 16 загинати и 37 ранети во напад врз воена академија во Триполи

Воена академија во либискиот главен град Триполи, беше погодена синоќа во воздушен напад, при што загинаа најмалку 16 лица, повеќето од нив студенти, соопштија здравствени власти.

Портпаролот на Министерството за здравство во Триполи, Малек Марсет, изјави дека воздушните напади се случиле   во населбата Хадаба, јужно од центарот на градот, каде судирите беснеат со месеци.

Марсет рече дека најмалку 37 лица се ранети и транспортирани во болници во градот. 

Треба да знаете
Последни објави