Search

Германија плива во кокаин, годинава запленети над 10 тони кокаин

Во Германија властите заплениле рекордни количини кокаин, замотан во картон и пластика, сокриен во повеќе од 200 темни спортски торби. Во јули годинава, во Хамбург полицијата пронашла сокриени 4,5 тони кокаин во товарен брод на пат кон Антверпен, кој пренесувал соја.

Тоа не било единствено откриена дрога во овој град. Полицијата вкупно оваа година досега запленила повеќе од 10 тони кокаин, шест пати повеќе од пред пет години.

„Кокаинот во Германија навистина претставува проблем. Зад него стои многу добро организиран криминал. Европскиот пазар сега наводно е преплавен. Тоа многу ме загрижува“ изјави претставничка на германската влада задолжена за прашања на наркотици, Данијела Лудвиг, на годишниот состанок, на тема трговија и конзумирање дрога во Германија.

Според податоците на сојузната влада во Берлин, во Германија има над осум милиони зависници. Тоа значи дека секој десетти жител на земјата конзумира најмалку една легална или нелегална дрога. Четири милиони луѓе се зависни од никотин, 1,6 милиони од алкохол, 300.000 луѓе од канабис, а според проценките околу 166.000 луѓе конзумираат хероин или кокаин.

Треба да знаете
Последни објави