Search

Елмас за неодењето во карантин ќе плати 57.000 евра

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас кој летово стигна во тимот Наполи ќе има помалку месечни примања за 57.000 евра, откако претседателот  на  „наполитанците“ Аурелио де Лаурентис одлучи да ги казни играчите за непочитувањето на неговата одлука да заминат во карантин по мечот со Ливерпул од Лигата на шампионите. Тие наместо во карантин си отидоа по своите домови.

Македонскит фудбалски „бисер“ Елмас во Наполи заработува околу 1.3 милион евра годишно, или по 110.000 евра месечно. Казната која му е одмерена да ја плати за непослушноста е скоро половина од неговата плата.

Ова е потврда дека хаосот во италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи не е среден. Италјанските медиуми ги објавија поединечните парични казни кои треба да ги платата играчите за непочитувањето на претседателската одлука. Од казните кои треба да ги платат фудбалерите во касата на Наполи ќе се слеат вкупно  2.3 милиони евра. Најмногу ќе уплати еден од предводниците на бунтот Лоренцо  Инсиње. Тој ќе остане покус за 350.000 евра од месечните примања, а следува Алан со 250.000, па Кулибали  со 230.000…

 

Треба да знаете
Последни објави