Search

Незадоволни навивачи ги натерале фудбалерките да се соблечат голи и да си одата дома !

Сцени кои немаат ништо заедничко со спортот се случиле во соблекувалната по натпревар од аргентинското фудбалско првенство за жени. По дербито меѓу Дефенсор (Белграно) и Екскурсионистас на кој гостинскиот тим со целосен резултатски пресврт стаса до победа од 3:2 иако имаше негатива од 2:0 навивачи на домашниот тим влегле во соблекувалната кај девојките. Незадоволни од целосниот пресврт тие побарале од фудбалерките да ги соблечат дресовите и шорцевите за да не добијат ќотек. Исплашените девојки ги исполниле барањата на бесните навивачи кои ги собрале дресовите и им порачале голи да си одат дома, бидејќи според нив не заслужувале да го носат дресот на Дефенсор.

-Неколку насилници влегоа во соблекувалната. Ни се закануваа дека ќе не тепаат ако не се соблечеме. Ги собраа дресовите, пцуеја, плукаа и си заминаа. Не знам што правеше обезбедувањето и полицијата. Како само им дозволи да влезат во соблекувалните. Фала му на Бога што не настрада некоја од нас, изјави една фудбалерка од домашниот тим.

Треба да знаете
Последни објави